Франција воведува стимулација од 500 до 1.000 евра за возило што помалку загадува

ОБЈАВЕНО НА:

Француската влада планира воведување на серија нови стимулации и даноци за да го отстрани загадувањето на возилата, изјавил министерот за животна средина Николас Хуло. Во изјава за францускиот весник Liberation, тој вели дека владиниот буџет од 2018 година што ќе биде претставен следната недела, ќе вклучува серија мерки за ограничување на климатските промени, намалување на загадувањето и помош на семејствата со ниски приходи.

Хуло рече дека ќе предложи стимул од 500 до 1.000 евра да префрлање на возило што загадува помалку, мерка засега достапна само за семејствата со ниски приходи. Таа треба да биде достапна од 2018 година за сите граѓани кои поседуваат автомобили со бензински мотори регистрирани пред 1997 година и автомобили со дизел мотори регистрирани пред 2001 година.

Сумата нема да биде само за купување нови автомобили, туку и за релативно нови употребувани возила со ниски емисии на јаглерод диоксид.

Хуло, исто така, рече дека за домаќинствата со ниски примања стимулацијата ќе биде двојно зголемена на 2.000 евра. Тој додаде дека за семејството со ниски приходи за купување на мал употребуван автомобил, поттикот може да биде повеќе од половина од вредноста на возилото.

Околу 3 милиони стари автомобили се подобни за стимулациите и министерството се надева дека околу 100.000 од нив ќе бидат заменети следната година. Сите сопственици на автомобили кои ќе се префрлат на електрично возило ќе добијат стимул за префрлање од 2.500 евра до најмногу 6.000 евра, ако мерката се одобри.

 

Следете не и на:

24AUTO NETWORK