Peugeot и Ѓоковиќ ја прекинаа соработката

ОБЈАВЕНО НА:

Францускиот автомобилски гигант Peugeot еден од главните спонзори на Новак Ѓоковиќ, одлучи да ја раскине долгогодишната соработка со српскиот тенисер. Kомпанијаta во јануари годинава, додека траеше скандалот околу Ѓоковиќ и неговиот можен настап на Австралија Опен, јавно објави дека целата ситуација поврзана со српскиот тенисер нема да влијае на нивното партнерство.

Сепак, еден месец подоцна, соработката е прекината, а причината за тоа, според британските медиуми, е ставот на Ѓоковиќ за време на пандемијата на коронавирусот и неговото мислење околу вакцинацијата. Но, од страна на Peugeot се наведува дека причината не е е таа. Напротив Ковид пандемијата и намалените приходи и продажба на нови автомобили е главната одлука за прекин на соработката.

Соработката меѓу Ѓоковиќ и Peugeot започна во 2014 година, а нејзиниот крај дојде ден откако српскиот тенисер му го „препушти“ на Русинот, Данил Медведев местото број еден на АТП ранг-листата.

 

Следете не и на:
[Fancy_Facebook_Comments]

24AUTO NETWORK