Германците имаат семафор што ќе помогне да се заштеди гориво, да се намали метежот…

ОБЈАВЕНО НА:

Новиот умен семефаот може да го скрати сообраќајниот метеж и времето на чекање, да ја намали бучавата, потрошувачката на гориво на возилата и загадувањето на животната средина.

Семафорите го регулираат сообраќајот и влијаат на намалување на метежот. Големата слабост на сегашните семафори е што се засновани на правила, објаснуваат научниците, а крутите правила не важат за сите сообраќајни ситуации. Семафорот често има црвено светло без причина, што го успорува сообраќајот. Тоа може да се смени и да се влијае на подобрување на сообраќајниот метеж, но и да помогне во намалување на загадувањето на животната средина.

Најпаметниот германски семафор е поставен во Лемго (Северна Рајна-Вестфалија) и ќе почне да го контролира сообраќајот. Треба да ја зголеми безбедноста, да избегне минувањето на црвено светло, па дури и да го направи воздухот почист. Ова го ветуваат научниците од Институтот за оптика и системска технологија – Фраунхофер.

Новиот семафор е многу попаметен, камерата со висока резолуција и радарските сензори многу попрецизно го мерат сообраќајот. На пример, тие снимаат не само колку автомобили во моментов чекаат на раскрсница, туку и во кои ленти се наоѓаат. Се мерат и времето на мирување и просечната брзина. Научниците објаснуваат дека оваа технологија на сензори во реално време е комбинирана со вештачка интелигенција. Ги заменува сегашните нефлексибилни правила.

Семафорот не е едноставно програмирана за црвените и зелените фази, туку врз основа на собраните податоци дознава кога е најдобро време за промена. Може да го скрати сообраќајниот метеж и времето на чекање, да ја намали бучавата, потрошувачката на гориво на возилата и загадувањето на животната средина.

Семафорите би можеле да го подобрат протокот на сообраќај за 10 до 15 проценти. Паметниот семафор треба да биде корисен и за пешаците: тој ја прилагодува својата зелена фаза на времето на преминување, така што, на пример, постарите или лицата со посебни потреби можат безбедно да ја преминат улицата. Бројот на опасни прекршоци возење на црвено светло може да се намали за една четвртина, а времето на чекање во густ сообраќај дури за една третина…

Го чекаме на дело.. Кај нас сигурно ќе се изначекаме да го видиме..

 

Следете не и на:

24AUTO NETWORK