Научниците од Националниот институт за индустриски и технолошки науки во Јапонија направија автомобилско седиште кое може да открие дали возачот е пијан и, доколку е потребно, да повика некого и да побара од возачот да застане.
Технологијата се потпира на различни сензори во седиштето кои ги детектираат движењата на возачот, како и камери за следење на движењата на лицето и оние од надворешноста кои ги следат движењата на автомобилот.
Изумителите на технологијата велат дека таа може да се користи во идните автомобили и да ја подобри безбедноста. Соединетите Американски Држави неодамна донесоа закон со кој се обврзани производителите на автомобили да ги опремуваат своите автомобили со дрегери.