За најпознатиот автомобил на три тркала на аукција се бараат 20.000 фунти

ОБЈАВЕНО НА:

Ако сте ја гледале култната британска хумористична серија „Сплетки“ каде главните улоги ги имаат браќата Дел Бој и Родни сигурно се сеќавате на нивното жолто комбе на три тркала.

„Сплетки“ почна да се прикажува во 1981 и до 2003 година имаше седум полни сезони, плус две специјални изданија. Во чест на 40-годишнината од почетокот на снимањето на серија (Only Fool and Horses) која имаше огромна популарност, на 26 ноември 2021 година е закажана аукција во Ханам, предградие на англискиот град Бристол.

На аукцијата ќе бидат понудени околу 150 различни предмети од серијата, вклучително и жолт автомобил на три тркала, кој беше службено возило на Дел Бој и Родни, кои сонуваа да бидат милионери.

Меѓу предметите што ќе се најдат на аукција се и медалите на вујко Алберт, кои ги заработил за време на војната. Очекуваната цена за нив е од 4.000 до 6.000 фунти.

Познатиот жолт автомобил со кој управува Дел Бој ќе се нуди по цена од 15.000 до 20.000 фунти.

Четириесетгодишниот јубилеј на легендарната серија „Сплетки“ (Only Fools And Horses) беше обележан со специјална серија поштенски марки. Британската кралска пошта подготви колекција од 12 марки, кои ги содржат Дел Бој, Родни и други ликови од серијата на Би-Би-Си.

Осум марки се засновани врз популарни фрази од серијата, како „Следната година ова време ќе бидеме милионери“, а останатите се посветени на четворицата членови на семејството Тротер.

Следете не и на:

24AUTO NETWORK