Peugeot 3008 стана „милионер“

ОБЈАВЕНО НА:

Пет години по претставувањето Peugeot 3008, еден од најпродаваните модели на францускиот брендот, го прoслави милонити модел кој излезе од производните ленти во фабриката во Сошо. Јубилејниот модел е PEUGEOT 3008 Hybrid.

Во Франција, PEUGEOT 3008 е лидер во својот сегмент уште од првиот месец по појавувањето на пазарот. Во Европа, тој е на второто место во сегментот SUV во 2021 година. Исто така, одлично се продава и во Јужна Европа, каде што е број еден во Португалија и број два во Италија и Шпанија.

Во Европа e 65% од продажбата на PEUGEOT 3008. Неговите главни пазари надвор од Европа се Турција, Израел, Јапонија и Египет. Повеќе од 80% од продажбата на PEUGEOT 3008 се верзии со автоматски менувач, а речиси 38% се од повисоките сегменти, што совршено го илустрира позиционирањето на брендот PEUGEOT на пазарот.

PEUGEOT 3008 ја нуди најновата генерација на системи за помош при возење, како и PEUGEOT i-Cockpit® со нов висококвалитетен дисплеј и нов 10-инчен екран на допир со висока резолуција. PEUGEOT 3008 ги освои клиентите благодарение на своите динамични квалитети и препознатливиот, современ надворешен изглед. Внатрешноста, со својот i-Cockpit®, нуди технолошка, топла и пријатна атмосфера, многу поинаква средина во која клиентите се чувствуваат удобно и едно од најдобрите нивоа на целокупно задоволство во Европа.

 

Следете не и на:

24AUTO NETWORK