Емисиите од производството на EV може да бидат 70% повисоки од бензинските модели

ОБЈАВЕНО НА:

Volvo тврди дека емисиите од производството на електрични автомобили би можеле да бидат далеку повисоки од еквивалентното возило на бензин, по што ги повика светските лидери и добавувачи на енергија да ги зголемат инвестициите во зелената енергија, со цел да се намали јаглеродниот отпечаток на плаг-ин моделите.

Тврдењата се совпаднаа со климатскиот самит COP26 во Глазгов и како дел од револуционерниот нов пристап кон транспарентноста што го усвои брендот, кој вклучува објавување на извештајот за „Проценка на животниот циклус“ за целосно електричниот C40.

Извештајот заклучува дека емисиите на стакленички гасови при производството на електрични возила се речиси 70 отсто повисоки од производството на бензинскиот модел, што е главно резултат на интензитетот на јаглеродот во производството на батерии и челик, како и поради зголеменото учество од алуминиум во приклучоците за плаг-ин моделите.

Volvo истакнува дека EV C40 Recharge има далеку помал јаглероден отпечаток од неговата споредлива бензинска верзија за време на „фазата на користење“. Електричниот Volvo C40 треба да помине околу 110.000 километри за да има помало влијание на јаглерод од бензинската верзија.

Кога се полнат со чиста енергија, како што е онаа што произлегува од ветерот, животниот циклус на CO2 на новиот електричен SUV се намалува на приближно 27 тони CO2, што е речиси половина помалку од 59-те тони кај компактниот SUV XC40 придвижуван од бензински мотор. Ако C40 Recharge се полни со глобална енергетска мешавина, која е 60 проценти добиена од фосилни горива, тогаш таа бројка се зголемува на дури 50 тони, при што придобивките од животната средина се значително намалени во споредба со возилата со конвенционален погон.

Volvo вели дека веќе презема активни чекори за справување со овие емисии, вклучително и планирана соработка за развој на челик без фосили и со своите добавувачи на батерии за производство на батерии со користење на 100 проценти обновлива енергија. Притоа, ги повикува другите производители да ги преземат истите чекори.

 

Следете не и на:

24AUTO NETWORK