Комплетно новата електрифицирана гама Jeep 4xe Plug-in Hybrid е достапна и во салоните на Jeep во Македонија. Со 4xe Plug-in Hybrid технологијата, Jeep Wrangler, Compass и Renegade 4xe се пионери во зелената еволуција на марката со 80 годишно искуство и лидерство. Моделите од новата гама Jeep® 4xe Plug-in Hybrid се поврзани, електрифицирани, забавни за возење и полни со еколошка технологија.
Промотивно новата гама Jeep® 4xe Plug-in Hybrid сега е достапна и со специјален кредит за хибридни и електрични возила без учество, со 3,75% фиксна каматна стапка и со рок на отплата до 5 години.
Цените на моделот Renegade почнува од 40.000 евра за основното ниво на опременост и мотор си сила од 130 КС. Моделот Compass има два бензински мотори и цената почнува од 41.100 евра. Најскап е моделот Wrangler за кого треба да издвоите 76.000 евра.
Електрифицираните модели на Jeep ја носат ознака 4xe, насочено кон постулатите за ефикасност, перформанси и одговорност. Новата гама Jeep 4xe Plug-in Hybrid останува верна на способноста на сите терени, додека во исто време се подобрува искуството на патот, со брз одговор и забрзување.
Зголемениот вртежен момент генериран од електричниот погонски систем и моќта Jeep 4xe возилата да се прилагодат со екстремна прецизност, обезбедува дури и поголема способност на сите четири тркала на секаков терен, за предизвикувачки off-road авантури.
Секако, 4xe се залага за одговорност и почит кон околината. Благодарение на електричната технологија Plug-in Hybrid, CO2 емисиите се пониски од 50 g/km во хибриден режим а трошоците за одржување се намалени. Но, фокусот на марката Jeep кон одржливоста оди подлабоко од ова и започнува со производствениот циклус дизајниран така да најмалку можно влијае на животната средина
Повеќе детали за моделите и цените можете да најдете кај импортерот за Македонија – Аутомобиле СК