Volvo тестира електрични кипер камиони северно од арктичкиот круг

ОБЈАВЕНО НА:

Во својот најнов обид да ја направи индустријата за камиони електрична, Volvo Trucks соработуваше со шведската рударска компанија Kaunis Iron и Wist Last & Buss и Vattenfall за да истражи како тешките камиони можат да работат северно од арктичкиот круг. На кружен пат од 280 километри, електрични камиони транспортираа до 14 тони концентрат на железна руда од рудникот на компанијата во Каунисваара, 100 километри северно од арктичкиот круг, до пристаништето Нарвик во Норвешка.

Возени во деновите кога температурата паднала на -32 степени Целзиусови, камионите можеле да патуваат 140 километри до пристаништето, иако Volvo признава дека камионите биле принудени да се полнат на секој крај од патување за да се избегне каков било ризик од запирање на патот.

Од компаниите велат дека тестот им покажал дека се уште има предизвици кои треба да се решат. Возачите кои учествуваа на тестот, сепак, биле задоволни од искуството во управувањето со камионите.

„Електричниот камион на многу начини е сличен на оној што вообичаено го возам, ист тип на кабина и слично, само уште полесен за возење“, рекол Лино Мартино, еден од возачите. „И овој камион е толку тивок што не можете да го слушнете моторот. Дури и кога се напрега, се слушаат само гумите. И вибрациите се исто така многу помали отколку кај дизелот. Сè на сè, тоа е многу попријатно место за работа“.

Мартино признава дека тоа сè уште не е совршено решение, но напорите да се намали зависноста на транспортната индустрија од дизелот сè уште се вредни. И како што истражувањето напредува, решенијата стануваат само подобри.

 

Следете не и на:

24AUTO NETWORK