Skoda се откажува од еден од моделите

ОБЈАВЕНО НА:

Построгите европски регулативи во однос на животната средина најверојатно ќе ја принудат Skoda да се откаже од еден од своите модели, открива чешкиот автомобилски сајт auto.cz. Се работи за четвртата генерација на Skoda Fabia Combi, хечбек верзија која ја видовме само пред неколку месеци.

И покрај тоа што тогаш шефот на Skoda потврди дека караванот ќе биде претставен наскоро, последните гласини велат дека тоа нема да се случи. Главен виновник за ова е еколошкиот стандард Еуро 7, кој новиот модел тешко ќе го постигне, без вложување на многу средства.

Работниците од Skoda добиле известување со кое се потврдува нивната одлука, но официјални информации од чешкиот бренд се уште не се достапни. Всушност, напуштањето на караванот не е големо изненадување, бидејќи голем дел од производителите повеќе се потпираат на хечбеците и теренците, кои с емногу популарни сега.

Од друга страна вложувањето на дополнителни средства за да се задоволи бараниот Еуро 7 стандард нема да донесе финансиска корист, па подобро е да се вложат парите на друго место.

Следете не и на:

24AUTO NETWORK