SP Automotive е грчка компанија чиј прв модел – Chaos требаше да дебитира на автомобилскиот саем во Женева, но саемот е повторно откажан и можеби ќе се одржи во 2023 година. Поради оваа причина, сопственикот на компанијата од нашиот јужен сосед објави дека „ултра -автомобилот“ опишан како прв „светски ултра автомобил“ ќе биде претставен на 1 ноември.
Во интервју Спирос Панопополус објави дека компанијата веќе ја има својата прва нарачка, а испораката се очекува да се случи во почетокот на 2022. Она што тој го споделува е дека автомобилот ќе биде целосно легален за патиштата, а неговата цена за основната верзија со 2.000 коњски сили ќе чини 5,5 милиони евра.
Компанијата планира да произведува околу 15 до 20 рачно изработени автомобили годишно со не повеќе од 100 примероци од секој модел. Презентацијата на првиот модел ќе се одржи на 1 ноември во Атина, а во 2022-2023 година TopGear ќе има шанса да го тестира Chaos за да може да постигне разни рекорди.
Она што се знае за Chaos е дека ќе има 4 литарски V10 со две турбини во варијанта со 2.000 КС и 3.000 КС. Моторот ќе биде средишно поставен, а голем број јаглеродни, титаниумски и алуминиумски елементи. Се очекува погонот да се пренесува на четири тркала, а за брза промена на брзината ќе се погрижи автоматскиот менувач.
Прашање е кој платил за првио тпримерок, и колкумина би платиле 12 милиони за ваков автомобил.