Две трки до крај: PSS Racing се бори за две титули – главната возачка со Џиролами и Dimond Cup со Давидовски

ОБЈАВЕНО НА:

Македонскиот тим PSS Racing во првенството на TCR Europe во последните две трки сезонава што се возат викендов во Барселона имаат шанса да донесат две возачки титули. Франко Џиролами е во конкуренција за главната титула, а шанса има и Виктор Давидовски кој се бори за титулата во Dimond Cup. Квалификациите се возат утре изутрина, а утре се вози и првата трка. Втората е на програмата во недела.

Франко Џиролами ќе има директна борба со Микел Аскона, и во игра се вкупно 90 бодови за освојување. Нивната сегашна бодовна разлика е 53 бода во корист на Аскона. На претходната трка Џиролами победи, но по трката доби казна па ги изгуби додовите што му озвоможи на Аскона да ја зголеми разликата.

Мала предност за Џиролами е што Аскона викендов повеќе ќе помине во авион отколку во автомобил. Поради промени во календарот на FIAWTCR, Микел Аскона и Том Коронел ги пропуштаат слободните тренинзи денеска, и утре директно од авион ќе пристигнат за квалификациите и потоа ќе ја возат првата трка. Тие денеска се во Чешка каде возат квалификации на патеката Мост.


Џиролами треба да не дозволи Аскона да биде подобропласиран од него и разликата после првата трка да не биде поголема од 40 бодови. Така возачот на PSS Racing ќе остане во игра за титулата, бидејќи Аскона и Коронел ќе мора во недела да се вратат во Чешка и да возат за нивниот тим во FIAWTCR првенството.

Шанса да донесе титула има и Виктор Давидовски и тоа во Dimond Cup, за возачи над 40 години. Тој е во директен дуел со Мартин Риба. Нивната меѓусебна разлика е 11 бодови.

На првите слободни тренинзи, Џиролами оствари второ најдобро време, а Давидовски беше петтопласиран. На вториоте тренинг сесии Џиролами беше трет, а Давидовски на 13 место.

Утре квалификациите се во 10,40 часот. Првата трка е во 15,40 часот.

 

Следете не и на:

24AUTO NETWORK