Уште еден месец на врвот: Dacia Sandero е најпродавано возило во Европа во август

ОБЈАВЕНО НА:

Романскиот бренд што е дел од Renault алијансата повторно забележува одлични резултати на продажба на нови автомобили во Европа. Според последните податоци на агенцијата JATO Dynamics во август годинава моделот Dacia Sandero е најпопуларен нов автомобил во Европа, а во исто време успеа да ги подобри перформансите на пазарот на годишно ниво.

Во август 2021 година, Dacia објави продажба на 14.961 возила на Sandero во Европа, што претставува зголемување од 8% во однос на истиот период минатата година. Целокупниот пазар за нови автомобили во Европа паднал за 18% во август.

Во Топ-5 се наоѓаат: Volkswagen (13.664), Toyota Yaris (12.594), Dacia Duster (11.327) и Volkswagen T-ROC (11.179) што покажува дека единствениот невропски бренд е Toyota, и по два модели има Dacia и VW.

Најпродаван plug-in хибрид (PHEV) во Европа во август продолжува да биде Ford Kuga со 3.512 продадени примероци, потоа Mercedes GLC (2670), BMW 3 (2343), Mercedes A class (2296) и Cupra Formentor (2192).

Најпродаван електричен автомобил во август 2021 година беше VW ID.3 со 7.904 возила, потоа Tesla Model 3 (7.824), VW ID.4 (4.624), Renault Zoe (4.032) и Mustang Mach-Е (3.621).

 

Следете не и на:

24AUTO NETWORK