TCR Europe: Франко Џиролами и PSS Racing тргнуваат од пол позиција на Монца

ОБЈАВЕНО НА:

Членот на македонскиот тркачки тим PSS Racing во TCR Europe, Франко Џиролами на трката на Монца ќе стартува од пол позицијата. Тоа ќе биде негова прва пол позиција сезонава во ова европско натпреварување и освои нови 10 бодови пред двете трки што треба да се возат викендов во Италија.

Вториот возач на PSS Racing, Виктор Давидовски во конкуренција на 28 возачи ќе стартува од 8 ред, освојувајќи 16. најдобро време во квалификациите. Имаше одличен прв слободен тренинг вчера, а денеска извозе 7 кругови во квалификациите, а четвртиот му беше најдобар. Давидовски има 75 бодови во генерален пласман.

Џиролами се бори за титулата во TCR Europe и заостанува 21 бода во однос на лидерот Микел Аскона од Шпанија. Тој има 320 бода и ќе стартува од 7. место на трката. До крај на сезоната остануваат уште два тркачки викенди односно четири трки и едни квалификации каде може да се освојуваат бодови.

Возачот на PSS Racing во првиот дле од квалификациите беше второпласиран со што се пласираше во вториот дел од квалификациите со најдобрите 12, а само првите десет освојуваат бодови. Џиролами имаше време од 1,57,073 што беше за 0,010 секунди побрзо од Џек Јанг кој ќе стартува веднаш зад Џиролами во првиот ред.

Македонскиот тим има нова можност за радост, а формата на Џиролами оди во нагорна линија. На претходните две трки во Германија тој стартуваше од второто место и на двете трки беше вторпласиран. Ова е убедливо најдобрата сезона за PSS Racing во TCR Europe, најсилното натпреварување со автомобили во Европа.

Не само што имаше најдобро време, Џиролами возше и со најголема брзина од 251 км/ч. на Монца.

Првата трка се вози денеска од 13 часот. Вторатат е утре од 13,30 ч.

 

Следете не и на:

24AUTO NETWORK