Возачките дозволи стануваат апликации за умни телефони

ОБЈАВЕНО НА:

Поради пандемијата со коронавирусот луѓето во многу голема мерка почнаа да ги чуваат своите податоци на телефоните, што ги поттикна властите и технолошките компании да почнат со воведување на дигитални возачки дозволи. За многумина животот денес е незамислив без умните телефони поради постојанта поврзаност со интенет, па кон тоа сега е додадена уште една функција.

Жителите на американските држави Аризона и Џорџија наскоро ќе можат да ги користат своите IPhone телефони и Apple часовници како дигатлни возачки доволи или лични карти. После нив, на ред се возачите кои живеат во Кентаки, Мериленд, Оклахома, Ајова и Конектикат.

Apple не е единствениот кој ќе овозможи издавање на дигитални возачки дозволи во САД. Државата Њујорк работи со компанијата IBM на можноста за проширување „Excelsior Pass“ систем на дигитални пасоши за возачка дозвола, што го поддржува и владата на САД.

Како и секој пат кога нешто од физичкиот се „префрла“ во дигиталниот свет и овде се поставува прашањето дали возачките дозволи се добра и безбедна работа за корисниците?

Од гледна точка на приватност и безбедност тоа сè уште останува нејасно. Тие кои го почнаа проектот тврдат дека сè се сведува во рамки на законот и правилата и дека личните податоци не се загрозени.

Возачката на Apple првпат е најавена во јуни, а на корисниците на телефоните iPhone ќе им овозможи складирање на лични податоци во вече постоечката апликација Wallet.

 

Следете не и на:

24AUTO NETWORK