Иднината е тука: Volkswagen го поврза паметниот автомобил со паметниот дом

ОБЈАВЕНО НА:

Далечинско поврзување на автомобилот со мобилниот телефон, веќе не е голем предизвик, но далечинско поврзување на автомобилот со домот, е дел од технолошките иновации на кои работат во германската автоиндустрија. И се чини дека Volkswagen во соработка со Deutsche Telekom ги дава посакуваните разултати.

Соработката на двете германски компании, како што информира inautonews.com, резултира со воведување на нова можност во возилото, којашто преку далечинската конекција овозможува да се деактивира алармот во домот, да се вклучи или исклучи греењето или да се запалат светилките. Ова опции посетителите Меѓународниот саем за електроника во Берлин можеа да ги испробаат на изложениот е-Golf.

Сепак, за да функционира можноста, на корисникот му е потребен паметен телефон со оперативен систем Android и MirrorLink технологија, како и апликацијата Car-Net App Connect.

Пристапот до апликацијата на Deutsche Telekom, Smart Home овозможува контрола на електичните уреди во домот, односно, вклучување и исклучување на некои од апаратите и уредите кои се поврзани со системот за Smart Home.

Ваквата можност може да даде впечаток дека во домот има некој дури и кога сопствениците се на патување, зашто на системот може да се поврзат и ролетните (да се подигаат и спуштаат), вклучување и исклучување на греење, клима, аларм, и слично.

 

Следете не и на:

24AUTO NETWORK