Понуда од соништата – дај си отказ од Mercedes и добиј 400.000 евра!

ОБЈАВЕНО НА:

Daimler AG во чија сопственост е Mercedes-Benz и Daimler Truck започна со кампањата за намалување на бројот на работници преку нудење најразлични бенефиции за предвремено заминување од компанијата.

Анализите покажуваат дека во шест фабрики на овој произвдоител во Германија, под знак-прашалник се работните позиции на 20.000 работници и менаџери, па согласно колективниот договор како и договорите со синдикатите, Daimler AG сега нуди финансиска компензација за оние кои мора да ја напуштат компанијата.

Износот на отпремнината зависи од стажот во компанијата, но и позицијата на која работи. Тоа значи дека некој инжинер кој има 20 годишно искуство и работи повеќе години во компанијата ќе може да се надева на отпремнина до 400.000 евра. Најмала отпремнина ќе добијат производствените работници. Токму 3.500 од нив се очекува да ја прифатат понудата на компанијата до крајот на следниот месец.

Сепак не сите работници се радуваат на оваа понуда. Германските медиуми пренесуваат дека работниците во Унтертуркхајм негодуваат на понудата и решиле да останат и натаму на работа. Дали е ова само блеф останува да се види.

 

Следете не и на:

24AUTO NETWORK