Најголем проблем за автомобилската индустрија во моментов е недостигот на чипови. Побарувачка за модели постои, но фабриките немаат делови за градување и затоа се пролонгира и рокот за испорака на некои модели. Ако имате среќа за нарачан модел може да чекате и до 14 месеци. И кога побарувачката е поголема од понудата и цените растат.
VW привремено го запре производството на основниот модел ID.3, а времето на испорака за некои нови возила е се подолго. Поради кризата со чипови, производителите се соочуваат со проблемот кои модели да произведат и кои линии да престанат во моментов.
Затоа фабриките првично ги произведуваат моделите со повисока маржа и тие природно се нудат со предност. Ова вклучува серии со голем волумен, но и електрични автомобили, а времето на чекање е обично еден до два месеци.
За другите возила, сепак, времето за испорака е повеќе од една година. Моделите Audi e-tron GT и Q4 e-tron, Dacia Spring и Mercedes A 250 e моментално чекаат помеѓу дванаесет и 14 месеци.
Времето на испорака за моделите како што се Citroen C4, Peugeot 3008, BMW i4 и iX, Opel Zafira-e Life, Audis e-tron и Model S од Tesla се осум или девет месеци. Моментално треба да поминете половина година чекајќи ги моделите VW ID.3 и ID.4, а основниот модел ID.3 не може да се нарача во овој момент.
Експертите сметаат дека надминувањето на кризата со недостатот на чиповите ќе се реши најрано во 2023 или 2024 година. Се предвидува дека недостатокот на делови ќе доведе до пад на производството за околу четири милиони нови автомобили во 2021 година – што одговара на загуба од околу 90 милијарди евра.
Ова води кон нова непријатна ситуација за купувачите на нови автомобили, бидејќи влијае на попустната политика на дилерите. Навикнати на попусти, во време кога има недостаток на чипови и долг рок на испорака немаат попусти.