Пред неколку месеци од Bugаtti го објавија фузионирањето со Rimac, а малку потоа самиот Мате Римац сподели информација за идните планови на брендот со некои од најважните клиенти. Сега станува јасно и што точно си имаат кажано Римац и добро познатиот од Youtube, Мани Хошбин.
Според информацијата, новиот модел на Bugаtti ќе биде покажан пред широката публика дури во 2024 година, но специјалните клиенти на брендот ќе се запознаат со него уште во следните 12 месеци.
Хошбин е токму таков, а неодамна објави дека има порачано едно од 40-те Bugаtti Bоlidе.
Самиот Римац признава дека дејствува похрабро од шефот на Bugаtti и сака да го врати брендот кон неговите корени, произведувајќи модели со електричен погон. Тој дополни дека овој бренд е способен за многу во иднина.