Од компанијата Volkswagen објавија дека за време на IAA Munich Motor Show, кое ќе се одржи на почетокот на септември ќе се одржи и премиерата на претсериската верзија на целосно новата електрична понуда на брендот – ID.5 GTX.
СУВ купето Volkswagen ID.5 GTX ќе дебитира со системот за погон на четири тркала, а слободниот опсег на електромобилот е до 497 километри.
Слично на другите претставници на целосно електричното семејство ID., и Volkswagen ID.5 GTX ќе биде целосно поврзан автомобил, кој ќе обезбедува редовни системи за обнова преку воздух, додавајќи нови функции и надградби.
Volkswagen ID.5 GTX
Од Volkswagen велат дека новата GTX понуда на брендот ќе пристигне во дилерските центри на брендот во текот на следната година.