Лош јули во Германија – пад на продажбата за 25%

ОБЈАВЕНО НА:

По одличната пролет, продажбата на нови автомобили во Германија ова лето бележи нови црни рекорди. Според официјалните податоци објавени од KBA, минатиот месец во Германија продадени се 236.393 нови автомобили што претставува пад од 25% споредбено со истиот месец минатата година.

Ако минатата година причината за падот на продажбата беше пандемијата на коронавирусот, годинава главната причина за слабите продажни перформанси се недостатокот на чипови, проблем со кои се соочуваат сите германски производители, исто како и останатите.

Регистрацијата на нови автомобили опремени со дизелски агрегат се намали за 48% додека оние со бензински за 40%. На нивна сметка профитираа електричните автомобили чија продажба се зголеми за 52% остварувајќи сега пазарен удел од 10,8%.

Land Rover, Tesla и Opel се единствените брендови кои остварија зголемување на продажбата во јули годинава во споредба со јули минатата година. Од друга страна, во апсолутни бројки, најголема продажба оствари Volkswagen од 49.808 автомобили, а најголем процентуален пад на продажбата оствари Ssangyong од 63,8%.

Следете не и на:

24AUTO NETWORK