Произведени 15.000 возила Lamborghini Urus

ОБЈАВЕНО НА:

Lamborghini одбележа 15 илјади произведени примероци од моделот Urus. Симболично, со фотографија направена во фабриката Сант’Агата Болоњезе, на северот од Италија, италијанскиот производител го означи јубилејниот примерок.

Се работи за примерок во т.н. Grigio Keres Matt боја со Verde Scandal детали како и двобоен ентериер. Под хаубата, овој 15 илјадити Urus располага со добро познатиот 4,0 литарски V8 Biturbo мотор кој продуцира 478 kW односно 650 КС и 850 Nm обртни моменти.

Инаку овој модел, Lambrghini го претстави 2017 година, а од февруари 2018 година се наоѓа во производство. За дизајнот, задолжен беше Митја Боркерт кој сеи нспирираше од истоимениот концепт дизајниран од Филипо Перини.

Токму овој модел е и најпродаваниот модел на Lamborghini кој во првата половина од огдината забележа раст од 35%, продавајќи се во 2.796 примероци.

Следете не и на:

24AUTO NETWORK