Позната цената на Hyundai Santa Cruz

ОБЈАВЕНО НА:

Уште од 2015 година Hyundai Motors срамежливо ги претставуваше плановите за можното отпочнување на производството на својот пикап модел. Минатата година официјално го потврди доаѓањето на ваков модел, а оваа година се счучи и светската премиера.

Сега, по неколку месеци се појави и информацијата околу почетната цена на првиот пик-ап модел на јужнокорејскиот прозиводител. Според пишувњата на американските медиуми, овој модел ќе се продава по цена од 23.990 американски долари за основната верзија. Тоа значи дека е за речиси 4 илјади долари поскап во односн а основниот модел на Ford Maverick.

Но, Hyundai има имиџ на квалитетен бренд па и затоа цената не би требало да има голема улога зашто корејскиот бренд нуди квалитет. За оваа цена се добива 2,5 литарски четири цилиндрен моторкој продуцира нешто над 190 КС. Во стандардната опрема доаѓа и со 4,2 инчен мулти-информационен дисплеј како и 8 инчен инфотејнмент систем. Тука се и бројнитетехнологии како сензор за мртва точка, предупредување за напуштање на коловозна лента и слично.

Покрај во САД, продажбата на Santa Cruz ќе се одвива и во земјите од Латинска Америка како и Европа, а засега не е потврдено дали ќе се продава и на другите континенти. Останува непозната и цената по која овој модел ќе се продава на овие пазари.

Следете не и на:

24AUTO NETWORK