Како различни автомобили се отклучуваат за секунди со специјален клуч (ВИДEO)

ОБЈАВЕНО НА:

Каналот на Youtube, Thе LосkPiсkingLаwyеr е добро познат по своите видеа во кои покажува како се отклучуваат различни врати, катанци и секаков вид на брави, а некои од нив се доста поспецијални од другите. Во некои од последните видеа може да се види како специјалист отклучува различни брендови и модели на автоомбили со специјална алатка која наликува на клуч.

Се покажа дека овој инструмент може да се користи за отклучување на различни брави бидејќи клучарот дури го отклучува и својот автомобил во рамки на неколку секунди. Се разбира во истиот момент се вклучува и алармот на автомобилот, кој би открил потенцијална кражба или барем би ги забавил крадците доколку решат да го користат инструментот за други цели.

Според описот на каналот, овој инструмент може да се користи и за да се направи полесно отклучувањето на автомобилот бидејќи е наменет за помош во случај на заборавени клучеви во автомобил или други слични ситуации.

Се нагласува дека инструментот не може да служи за стартување на автомобилот поради недостаток на чип, каков има потреба кај повеќето од модените автомобили.

Наравоучение: Препорачливо е да имате вградено аларм во возилото. Тоа сигурно донекаде ќе ги изненади крадците.

 

Следете не и на:

24AUTO NETWORK