Минатата година во фабриката на Stellantis во Поиси, Франција започна поризводството на новата, втора генерација на Opel Mokka. Нешто повеќе од една година по официјалното претставување, овој кросовер се најде на краш тестот на Euro NCAP.
На овој краш тест моделот освои малку разочарувачки, но сепак солидни перформанси во поглед на безбедноста и сигурноста освојуваќи четири од максималните пет ѕвезди.
Најдобар скор симпатичниот германец освои во однос на безбедноста на децата односно патниците на задната клупа и тоа 75% што е за 2% повеќе од скорот кој го освои за безбедност на возачот односно возрасните. Во поглед на безбедносната асистенција на возачот, новата Mokka освои скор од 64%, а најлошо помина во поглед на безбедноста на пешаците и тоа 58%.
Целосниот краш тест може да го погледнете во продолжение.