Двете марки ќе продолжат да работат самостојно, со тоа што Rimac Automobili ќе ги задржи сегашните простории во околината на Загреб, а производството на Bigatti ќе биде во Франција. Rimac Group ќе продолжи со иновации, создавање сопствени хипер автомобили, како и развивање на системи и технологии за многу светски фирми. Таквата иновативна технологија може да се примени и на идните модели на Bugatti и Rimac
„Малиот“ автомобилски бренд од Хрватска за само 10 години напредуваше од гаража на еден човек до компанија која стана една од најпознатите светски марки на супер автомобили. Обединувањето на техничките стручности и работење со Bugatti кој зад себе има 110 годишна историја на дизјан и инженерска способност, претстсвува спој на водечките автомобилски умови.
Porsche и Rimac се договорија да формираат заедничко вложување во кое е вклучен Bugatti. Оливер Блум и Мате Римац ги потпишаа соодветните договори и го објавија името на новиот производител на хиперавтомобили: Bugatti-Rimac. Заедничкaта компанија ќе има седиште во Загреб (Хрватска) и е предвидено да се основа во четвртиот квартал на 2021 година. Ова е предмет на претходно одобрување на монополските власти во неколку земји.
Rimac ќе има 55 проценти удел во заедничкото вложување Bugatti Rimac, додека Porsche ќе има удел од 45 проценти. Porsche, исто така, има удел од 24 проценти во Rimac директно.
Под чадорот на новата компанија, брендовите Bugatti и Rimac првично ќе произведат два модели на хиперавтомобили: Bugatti Chiron и целосно електричниот Rimac Nevera. Bugatti Automobiles S.A.S. ќе продолжи да постои во новиот заеднички потфат. Во иднина, исто така, сите модели на Bugatti сè уште ќе се произведуваат во фабриката на Bugatti во Молшеим, Франција. Овој производствен капацитет е светски познат по својот перфекционизам и својата извонредност во областите на дизајнот и занаетчиството.
Porsche ќе има силна улога во заедничкото вложување како стратешки партнер. Оливер Блум и Луц Мешке (заменик претседател и член на Извршниот одбор за финансии и ИТ во Порше АГ) ќе станат членови на Надзорниот одбор во Bugatti-Rimac. Мате Римац ќе биде извршен директор на заедничкото вложување. Кога ќе се основа, заедничкото вложување ќе има приближно 430 вработени – околу 300 во седиштето на компанијата во Загреб и 130 на локацијата Бугати во Молшеим.