Неодамна Skoda го претстави својот прв целосно електричен автомобил Enyaq iV кој предизвика големо внимание. Веднаш по премиерата беше потврдено дека следи и премиерата на купе верзијата на овој модел.
Сепак чешкиот производител не застанува тука. Првиот човек на Skoda, Томас Шефер потврди дека до крајот на 2030 година овој производител ќе претстaви уште најмалку три нови, целосно електрични модели.
Засега нема никакви информации околу видот на електричните автомобили. Се претпоставува дека еден од трите модели ќе биде мал градски хечбек пандан на Volkswagen ID.1. Другиот новитет се очекува да биде компактен кросовер, а третиот седан со димензии идентични како и Skoda Octavia.
Покрај новите електрични модели, Skoda работи и на електрификација на веќе постоечките модели со што се наметнува како значаен играч во сегментот на електрични возила.