Минатата година од познати причини не се одржа саемот во Франкфурт, а неколку месеци по одложувањето, организацискиот тим донесе одлука истиот да го премести од Франкфурт во Минхен. Првото издание во Минхен ќе се одржи оваа есен, а потврда за учеството на овој саем дојде од Mercedes-Benz, BMW, Opel, Audi, Volkswagen, SEAT, Skoda, Lamborghini и Porsche.
Од друга страна дојдоа и првите потврди за неучество, а прв производител е Stellantis. Новоформираната компанија потврди дека на овој саем нема да учествуваат италијанските брендови Fiat, Alfa Romeo и Lancia, француските Peugeot, Citroen и DS како и германски Opel.
Традиционално, на европските саеми за автомобили не учествуваат американските брендови Chrysler, Jeep, Dodge и RAM.
“Брендовите од групата Stellantis нема да учествуваат на овогодинешниот саем во Минхен” потврди портпаролот за Automotive News. Овој производител не објави дополнителни информации околу оваа одлука, но се претпоставува дека во заднина стојат мотиви за намалување на трошоците.