Се продава личниот автомобил на принцезата Дијана

ОБЈАВЕНО НА:

Во Велика Британија се подготвува интересна аукција на која ќе биде продадено едно обележје од историјата на кралското семејство. Станува збор за автомобилот Fоrd Еsсоrt Ghiа oд 1981 гoдинa, кој и припаѓал на принцезата Дајана.

Автомобилот е подарок од принцот Чарлс, за неговата идна невеста. Кон крајот на 90-тите години автомобилот исчезнува од вкупното внимание за цели 20 години. Сега, сепак, е подготвена за да отиде кај нов сопственик.

Светлосивиот Fоrd Еsсоrt Ghiа oд 1981 година и бил подарен на Дајана два месеци пред свадбата. Тој и служел како автомобил за лични патувања до август во 1982 година. Интернет страната на аукциската куќа одбележува дека тој период се смета за најсреќниот во односот меѓу Дајана и Чарлс.

И покрај впечатливата километража од 133.000 километри, американскиот автомобил е во добра состојба. Тој е со фабрички бои и оригинален внатрешен тапацир. Како бонус се нуди и оригинален регистарски број WЕV 297W, со кој управувала самата Дајана.

Интересна карактеристика на Ford е талисманот, сребрена жаба на капакот, кој е копија на подарокот од снаата на Дајана, лејди Сара Спенсер, наменет да потсетува за приказната за принцезата и жабата,

Според прелиминарните проценки за овој Fоrd Еsсоrt ќе биде можно да се заработат од 30 до 40.000 фунти. За споредба, на Островот, новото BMW 4 Sеriеs Соupе мoжe да биде купено за истата сума. Почетокот на аукцијата, за време на која ќе се продаваат и други кралски работи и антиквитети исто така ќе бидат продадени е презакажан за 29 јуни.

За потсетување, минатата година на аукција беше продаден друг личен автомобил на Дајана, кабриолетот Аudi 80 oд 1994 гoдинa, кој го возепе во времето на популарноста и многукратно со него влегуваше во објективот на папараците. За овој автомобиул беа добиени 58.000 фунти.

 

Следете не и на:

24AUTO NETWORK