Stellantis активно работи на новата генерација на моделот Astra чија премиера се очекува да биде спроведена во текот на ова лето. За прв пат по бројните шпекулации и рендери, Opel објави официјални фотографии од овој модел.
На фотографиите може да се види дека новата Astra има приближен дизајн до сите рендери објавени последните неколку месеци. Воочливо е присуството на дизајнерските црти кои дизајнерите на Opel веќе ги аплицираа кај новата Мoka.
Во внатрешноста доаѓа два дигитални екрани, едниот за инструменталната табла и другиот за инфотејнмент системот, а истиот асоцира на оној кај новиот Golf.
Од претходно е познато дека новата генерација на Astra се темели на EMP2 платформата која се користи кај новата генерација на Peugeot 308. Ќе задржи неколку мотори од актуелната понуда, но ќе биде достапен и во целосно електрична верзија со што ќе се приклучи на електричните Moka и Corsa-e.
Германскиот производител потврди дека производството на овој модел ќе се спроведува во Риселсхајм, а повеќе технички карактеристики ќе бидат објавени во текот на наредните месеци.