Во Чешка ќе се произведува новиот модел на Toyota

ОБЈАВЕНО НА:

Новиот модел во А сегментот кој најверојатно ќе биде третата генерација на Aygo, Toyota ќе го произведува во својата TMMCZ (Toyota Motor Manufacturing Czech Republic) фабрика во чешкиот град Колин.

Во оваа фабрика направени се веќе сите прилагодувања за производство на новата TNGA (Toyota New Global Architecture) платформа, а токму и на оваа платформа ќе се темели новиот модел.

Во производство, истиот треба да се појави следната година, а повеќе информации за овој модел треба да бидат објавени ова лето.

Инаку во фабриката во Колин работат 3.200 лица. Истата е формирана во 2002 година како заедничка инвестиција на Toyota со Peugeot и Citroen. Овие комапнии до 2018 година заедно ги произведуваа моделите Citroen C1, Peugeot 107 и Toyota Aygo, а истата оваа година беше објавено дека од 1 јануари 2021 година, оваа фабрика ќе биде во целосна сопственсот на јапонскиот производител.

Следете не и на:

24AUTO NETWORK