Red Bull нема среќа – Ферстапен излета на пет круга пред крај додека водеше

ОБЈАВЕНО НА:

Тимот на Red Bull ќе сака што побрзо да го заборави викедот во Азербејџан бидејќи можеа да слават „еден-два“ победа, но на пет круга пред крај сонот беше прекинат. Макс Ферстапен имаше сигурно водство, пред клупскиот колега Серхио Перез и светскио тпрвак Луси Хамилтон. И наместо да почне подготвката за победата тој се изврте и удри во заштитната ограда.

Причината за инцидентот беше пукната гума на болидот, слично како што тоа му се случи на Ленс Строл претходно на трката. Гумите на Pirreli имаа проблем да го издржат притисокот, па FIA решеи привремено да ја прекине трката за да реши што понатаму.

Хамилтон уште по првит екругови го презема лидерското место иако стартуваше од втората позиција, го мина Шарл Лекрел од Ferrari. Но, откако влезе во бокс на замена на гумите механичарите беа малку побавни од вообичаеното, овозможувајќи му на Ферстапен да биде пред него, па и на Перез. Се обидуваше светскиот првак да го стигне Перез, но болидот на Red Bull беше подобар не дозволувајќи му на Хамилтон да влезе во ДРС зоната за да може да добие и повеќе сила за престигнување.

Трката ќе биде продолжена, а на првите три места се Перез, Хамилтон и Фетел.

Следете не и на:

24AUTO NETWORK