И официјално претставен Fiat Pulse

ОБЈАВЕНО НА:

Иако уште од почетокот на мај Fiat не криеше ништо за новиот модел Pulse, сега и официјално е направена премиерата на овој нов мал кросовер кој е наменет за пазарот во Јужна Америка. Називот Pulse доаѓа откако нешто над 380 илјади Бразилци гласаа на јавна анкета, а овој назив беше избран пред Tuo и Domo.

Развојот на овој модел се одвиваше под кодниот назив Project 363. Се темели на MLA платформата, а во поглед на димензиите, должината изнесува 4,100 мм додека пак меѓуоскиното растојание 2,532 мм.

Од првите официјални фотографии кои ги објави Fiat, може да се види дека дизајнот ја следи филозофијата аплицирана во екстериерот на Fiat Argo. Двобојната каросерија, кровните носачи и панорамскиот кров го прави овој модел привлечен градски кросовер.

Развојот на овој модел се одвиваше под кодниот назив Project 363. Се темели на MLA платформата, а во поглед на димензиите, должината изнесува 4,100 мм додека пак меѓуоскиното растојание 2,532 мм.

Производството ќе се спроведува во фабриката на Fiat во близина на бразилскиот град Бетим. Ќе стартува во август, а првите испораки ќе бидат испорачани во септември. Во Европа Fiat ќе лансира кросовер со вакви димензии кој ќе се произведува во Полска. Останува нејасно дали тоа ќе биде истиот овој модел или ќе биде претставен целосно нов.

 

Следете не и на:

24AUTO NETWORK