Citroen C4 доби една ѕвезда помалку на краш тестот (ВИДЕО)

ОБЈАВЕНО НА:

Најновиот Citroen C4 се најде на краш тестот организиран од Euro NCAP. Освои четири од максималните пет ѕвезди што е негативно изненадување ако се знае дека овој модел беше најавуван како технолошки најнапредниот на францускиот производител.

На тестот се најде моделот опремен со 1,2 литарски бензински мотор и “Feel” пакет на опременост. Како таков, во однос на безбедноста на возачот освои ниски 76%, а најдобар скор освои во однос на безбедноста на децата, 83%.

Во однос на безбедноста на патниците, овој автомобил освои скор од 57%, а за 6% повеќе забележа скор во однос на безбедностната асистенција на возачот.

Овој скор е полош од Citroen C5 Aircross, Citroen Berlingo, Citroen C3 и Citroen Spacetourer, па иако долго најавуван, моделот C4 може да се каже дека е еден од најнебезбедните модели на францускиот приоизводител.

 

Следете не и на:

24AUTO NETWORK