Луксузниот оддел на автомобилскиот гигант Daimler – Mercedes-Maybach, објави дека компанијата стартува со продажбите на новата генерација Mercedes-Maybach S-Class. Топ предлогот во модификациското портфолио на луксузниот флагман – S 680 4MATIC, е опремен со 6-литарски, V-образен, 12 цилиндричен мотор, кој е во состојба да генерира максимална моќност од 612 коњски сили и максимален вртежен момент од 900 Нм.
Иако не е развиен со врвна динамика на патот, Mercedes-Maybach S 680 4MATIC дефинитивно има со што да се пофали. За класичното забрзување од 0 до 100 км/ч се неопходни едвај 4,5 секунди, а максималната брзина на движење е 250 км/ч (електронски ограничена).
Основната цена на Mercedes-Maybach S 680 4MATIC е утврдена на 217.324 евра за територијата на Германија.
За понепрентенциозните од Mercedes-Maybach е предвидена верзијата S 580 4MATIC, кај која моторот е четирилитарски, V-образен, осумцилиндричен со максимална моќност од 503 коњски сили и вртежен момент од 700 Нм. Тука забрзувањето од 0 до 100 км/ч е можно за 4,8 секунди, а цената стартува од 164.565 евра.