Што покажува бојата на автомобилот за вас?

ОБЈАВЕНО НА:

Кога се одбира автомобил, еден од критериумите што многу влијае на изборот секако е бојата. Можеби нивото на опременост и да не биде важно, но пред се бојата треба да е според „ќеифот“. А токму бојата покажува многу за вас како личност.

Психологот Ли Чемберс од USwitсh (компанија, која им помага на корисниците да ги споредат цените на енергијата, личните финнсии, осигурувањето и комуникациските услуги) објаснува како се разбираат личните одлуки на сопствениците според бојата на нивниот автомобил.

Сива/сребрена

Ли ги опишува сопствениците на сиви или сребрени автомобили како разумни луѓе, кои често ја претпочитаат практичноста пред сонот. Исто така од нив можете да очекувате да го задржат својот збор бидејќи се сигурни и склони да бидат во согласност со прифатените норми во општеството.

Црна

Оние, кои управуват црни автомобили се обично софистицирани и се со стил. Тие се воздржани и знаат како да се контролираат, се трудат да ибегнат непотребна драма во животот.

Бела

Ли верува дека возачите на бели автомобили имаат тенденција да бидат опсесивно организирани и се стремат да постигнат висок статус во општеството.

Сина

Можете безбедно да се доверите на возачот на синиот автомобил во однос на вашата безбедност. Возачите на сини автомобили исто така веројатно ќе бидат верни пријатели.

Црвена

Возачите на црвени автомобили се многу чувствителни и сакаат да бидат во центарот на вниманието. Тие се енергични, динамични и сакаат да се поврзуваат со нови лица и покрај тоа што може да има големи разлики меѓу нијансите на црвеното.

Златна

Оние кои го сакаат златото, обично сакаат удобност и не можат да му одолеат на гламурот. Златната, сепак, е и една од најмалку популарните варијанти на бои за новите автомобили.

Жолта

Не е изненадувачки што возачите на жолти автомобили (со исклучок на такси возилата, таму каде што оваа боја е задолжителна) секогаш имаат позитивен поглед на животот. Исто така не е изненадувачки дека таквите луѓе се малку бидејќи жолтата боја не е популарна боја за новите автомобили.

Виолетова

Луѓето, кои возат виолетови автомобили, претендираат на оригиналност и уникатност, а сакаат да даваат гласни изјави и да се издвојуваат од топлата. Виолетовата исто така е и една од најнепопуларните нови бои за автомобили на пазарот, но популарноста непрекинато расте.

Зелена

Возачите кои избираат „еколошка“ боја за автомбилот, обично водат балансиран начин на живот и се исклучително приземјени. Тие се скромни, познати со многу едноставен и воздржан пристап кон секојдневниот живот.

Розева

Оваа поја е најнепопуларнта за автомобилите на патот. Доколку управувате розев автомобил, дефинитивно не е од оние што отстапуваат од светлата на фаровите. Вие сте паметни, весели и храбри и не ве интерсир какво мислење имаат другите за вас.

 

Следете не и на:

24AUTO NETWORK