Како изгледа Mercedes Concept EQT (ФОТО)

ОБЈАВЕНО НА:

Одделот за лесни комерцијални автомобили на Mercedes-Benz – Mercedes-Benz Vans, ги откри првите детали за концепцискиот развој Concept EQT, за сериската верзија zа која коментираше дека ќе биде првата премиум понуда во сегментот на малите ванови.

Concept EQT го постави почетокот на новото семејство автомобили на Mercedes, поточно T-Class, кој ќе биде лансиран на пазарот во следната година.

Во исто време од компанијата ги најавија и плановите за лансирањето на нов комерцијален ван, Citan, кој ќе биде виден пред крајот на оваа година и кој исто така ќе добие целосно електрична варијанта.

Mercedes Concept EQT

Mercedes Concept EQT е со основни димензии – должина 4.945 мм, ширина 1.863 мм и висина 1.826 мм. Дебитира со две лизгачки врати со широк отвор, што ветува лесен пристап до вториот и третиот ред на седишта, а темата за внатрешен простор се развива со помош на панорамски стаклен таван.

„Го проширивме нашето портфолио во сегментот на малите ванови со престојната T-Class. Тој ќе биде привлечен за за семејствата и за оние приватни клиенти кои без оглед на нивната возараст уживаат да се насладуваат на различни видови на активност и имаат пореба од многу простор и максимална модуларност без да се жртвува удобноста и стилот. T-Class ќе им понуди атрактивен влез во светот на Mercedes-Benz”, велат од Mercedes-Benz Vans.

Mercedes Concept EQT е со основни димензии – должина 4.945 мм, ширина 1.863 мм и висина 1.826 мм. Дебитира со две лизгачки врати со широк отвор, што ветува лесен пристап до вториот и третиот ред на седишта, а темата за внатрешен простор се развива со помош на панорамски стаклен таван.

Следете не и на:

24AUTO NETWORK