Audi со соларни панели на покривот ќе го продолжува возењето на електричните возила

ОБЈАВЕНО НА:

Сите производители на возила, а особено оние што веќе се вклучиле во правење на електрични автомобили знаат дека најголем проблем е што батериите во моментов не може да дозволат подолго возење. Затоа некои работат на дополнителен извор на енергија што може автомобилот да ја користи за продолжено движење.

Audi објави дека заедно со Alta Devices- што е дел од кинески Hanergy, работи на проект за интегрирање на соларни елементи во панорамските покриви на своите автомобили.

Првиот чекор во заедничкиот проект на Audi и Alta Devices, е генерирање на дополнителна електрична енергија за електромобилните возила, односно интеграцијата на соларни ќелии во дел од покривот на возилото, а во финалната верзија, тенкиот филм ќе ја покрива речиси целата негова површина.

Генерираната енергија од соларните панели ќе може да се користи за функционирањето на климатизација и климатизирани на седиштата, а на тој начин се подобрува автономијата на електричниот како целина.

Во подоцнежна фаза од развојот на проектот, првите прототипи од кој ќе бидат претставени до крајот годинава, соларната енергија ќе може директно да биде пренасочен и кон батеријата на возилото.

Audi планира да претстави три електрични возила до 2020 година, а до 2025 година една третина од продадените возила да бидат електрични. Офанзивата на Audi со електрични возила треба да почне следната годиниа со промовирањето на СУВ базиран на e-tron concept.

 

Следете не и на:

24AUTO NETWORK