Литиумот е клучниот ресурс во електрификацијата на автомобилите. Поради се поголемата популарност на електричните автомобили која е поттикната поради повеќе фактори, и литиумот станува се повеќе побаруван.
Во моментов Кина е во Tоп-3 најголемите производители на литиум во светот, па оттука и зависноста на европските, но и другите производители од кинеските добавувачи.
Наскоро би можело ова да се смени. Во Германија е откриено големо наоѓалиште на литиум кое се наоѓа во југoзпадниот дел од земјата, во близина на Рајна. Долината на оваа река која е позната како Црна Шума, располага со огромна количина на литиум која може да биде клучна околу идните трендови во производството на електрични автомобили.
Германските медиуми пренесуваат дека количеството на литиум е доволно за производство од 400 милиони електрични автомобили што е доволно за намалување на зависноста од кинеските компании, но за да може да се искористи овој ресурс потребни се иницијални инвестиции од 1,7 милијарди евра.