Првиот електричен SUV на Bentley доаѓа за 4 години – објавен и првиот рендер

ОБЈАВЕНО НА:

Британскиот прозиводител, Bentley, и официјално потврди дека ќе го претстави својот целосно електричен кросовер не подоцна од 2025 година. Дека работи на електрификација на својата понуда беше потврдено и минатата година, но сега се појави и точната година кога овој SUV ќе го видиме во слободна продажба.

Овој кросовер чие име се’ уште не се открива, ќе биде базиран на најновата VW Artemis платформа. Неофицијално, се зборува дека ќе располага со батерии од 110 и 120 kWh, а ќе има автономија од 400 до 500 км.

Со овој модел, од Bentley брифираат дека ќе започне масовната електрификација на понудата на автомобили, која се очекува од 2030 година да биде составено само од електрични возила.

 

Следете не и на:

24AUTO NETWORK