Новата Skoda Fabia – сега поголема, поумна и посилна (Фото)

ОБЈАВЕНО НА:

Моделот Fabiа отсекогаш бил значаен за семејството на Skoda, а од новата, четврта генерација на градскиот автомобил се очекува да продолжи по стапките на своите претходници. Сега, моделот е поголем, поумен и посилен, и ќе има мотори со сила до 147 КС, голем инфозабавен екран, и напредна технологија што ќе му биде од помош на возачот. Според најавите почетната цена треба да биде под 14.000 евра, иако се разбира таа цена ќе зависи од повеќе фактори и можеби и од пазарите каде ќе се нуди.

Иако дизајнот е тој што прво паѓа во очи, она што е најголемата промена, напредок и револуција се наоѓа под хаубата, односно под каросеријата. Благодарение на новата платформа, серија на модерни мотори ќе се понудат. Моделот се базира на VW MQB A0 платформата на која е направено Polo.

„Fabia е основен дел од нашето портфолио повеќе од 20 години и ги отелотворува основните вредности на нашиот бренд како ниеден друг модел“, изјави Томас Шефер, извршен директор на брендот. „Најновата генерација има сè за да го надгради успехот на својот претходник. Тој нуди повеќе простор од своите конкуренти, совршено поврзување, современи системи за асистенција и емоционален дизајн – со други зборови, сè што ви треба, но и нешто друго“.

Новата генерација на Skoda Fabia е значително поголема од нејзината сегашна верзија, развиена на платформата MQB-A0. Како резултат на тоа должината на автомобилот е зголемена за дури 110 мм. на вкупно 4107 мм. Меѓуоскиното растојание на автомобилот е зголемено за импресивни 94 мм до 2564 мм, а ширината добива +48 мм до 1780 мм.

Skoda Fabia 2021

Иако дизајнот е тој што прво паѓа во очи, она што е најголемата промена, напредок и револуција се наоѓа под хаубата, односно под каросеријата. Благодарение на новата платформа, серија на модерни мотори ќе се понудат. Моделот се базира на VW MQB A0 платформата на која е направено Polo.

Благодарение на новите димензии Skoda Fabia ќе можe да понуди значително поголем внатрешен простор, како и товарниот простор со капацитет од 380 литри. Од Skoda коментираат дека новата Fabia ја има најдобрата аеродинамика во својата класа (0,28 cd), што, во комбинација со специјално оптимизираните тркала на автомобилот, дополнително ќе придонесе за подобрување на економичноста на горивото и еколошката чистота на моторите.

Најголемиот дел од возилата ќе имаат само трицилиндрични мотори со зафатнина од 1 литар. Основната понуда ќе биде трицилиндричен, еднолитарски атмосферски мотор со 65 и 80 КС во комбинација со петстепен мануелен менувач со погон на предните тркала.

Следниот мотор во понудата ќе биде еднолитарскиот TSI турбо-агрегат со 95 и 110 КС, со пет степен мануелен менувач или шест степен DSG менувач. Највисокото ниво нуди 1,5 литарски TSI мотор со 150 КС и 7-брзински DSG менувач. Не се планираат дизелски мотори. Оние модели со пет степен манулен менувач во пониското ниво на опременост исто така ќе имаат и традиционална рачна сопирачка.

https://youtu.be/2oxGiSiA9Ok

Новата Fabia ќе има наместо стандардниот резервоар од 40 литри, нов од 50 литри, што ветува автономија до 900 километри.

Опремата на новата SKODA Fabia ќе може да вклучува до 9 воздушни перничиња, систем ISOFIX на сите седишта, пакет Travel Assist со функции за управување, како и многу познати и нови понуди од генијалното семејство додатоци и решенија Simply Clever, во ова спаѓа торба интегрирана под подот на товарниот простор, дополнителни оддели за мобилни телефони во задниот дел на потпирачите на предните седишта, USB-C приклучок на внатрешното ретровизор и други.

Се очекува да има и спортско Monte Carlo, заедно со караванската верзија, а не с епланира RS верзија, барем не засега.

Следете не и на:

24AUTO NETWORK