Aprilia останува во МотоГП до 2026 година

ОБЈАВЕНО НА:

По Suzuki, KTM, Ducati, Yamaha и Honda, сега и Aprilia е производител на мотоцикли кој го продолжи договорот за учество во Мото ГП шампионатот заклучно до 2026 година. Она што исто така е потврдено е тоа дека Aprilia сега ќе настапи како фабрички тим со што прекиува договорот од 2014 година кога започна да настапува со Gresini Racing тимот.

“Среќен сум поради овој договор. Од наредната сезона ќе учествуваме во шампионатот како фабрички тим. Тоа нас ни отвора нва врата на можности. Ова е логичен след на случувањата.” изјави Масимо Риовал, првиот човек на Aprilia. Тој при тоа се заблагодари на Gresini Racing тимот кој сите овие сезони беше дел од овој конструктор.

Годинава за Aprilia Racing Team Gresini возат Лоренцо Савадори и Алекс Еспаргаро, а по првите три трки со вкупно 27 поени овој тим се наоѓа на петата позиција на генералниот пласман од вкупно 11 тимови.

 

Следете не и на:

24AUTO NETWORK