Јапонските производители Suzuki, Subaru, Daihatsu, Toyota и Mazda ги спојуваат силите. Оваа јапонска петорка потпиша договор за заедничка соработка.
Договорот се однесува на соработка во развојот на техничката спецификација на комуникационите уреди за возилата од следната генерација и промоција на заедничка употреба на комуникационите системи низ користење на поврзани услуги за поврзување на автомобилите.
Лидер на целиот овој проект е Toyota. Токму основната комуникациона технологија развиена од срана на овој производител ќе бидат вградени во автомбилите од наведените брендови, а потоа ќе започнат и заедно да работат на системот од новата генерација.
Овие производители не ја исклучуваат можноста да и други производители, јапонски и нејапонски пристапат кон овој договор.

Следете не и на:

