Овој возел „баба“: Се продава автомобил во сопственост на кралицата Елизабета II

ОБЈАВЕНО НА:

Компанијата Bramley Motor Car која се занимава со продажба на нови и половни автомобили објави оглас кој предизвика голем интерес. Се работи за автомобилот Barnato Bentley Mulsanne кој се продава, а бил во сопственост на англиската кралица.

Зелениот Mulsanne бил дел од возниот парк на кралицата се до 2015 година, а при тоа има поминато нешто повеќе од 4 илјади километри, пренесуваат англиските медиуми. Оваа информација е наведена и на огласот, а претставник на оваа компанија наведе дека автомобилот се користел само две години, па оттука и малата километража.

Доаѓа со 6,75 литарскиот бензински мотор кој продуцира 508 КС. Има и автоматски менувач и се разбира, највисоко ниво на опрема.

Земајќи во предвид дека бил дел од кралскиот возен парк, овој автомобил се продава по релативно ниска цена. Почената цена изнесува 179.850 фунти што е околу 200 илјади евра.

Следете не и на:

24AUTO NETWORK