Електричен Mitsubishi Airtrek – Made in China

ОБЈАВЕНО НА:

Во моментов актуелен е саемот во Шангај, па сите активности на познатите производители се насочени кон овој саем и кинескиот пазар. Во таа насока, Mitsubishi Motors го најави целосно електричниот кросовер Airtrek. Тоа ќе биде модел наменет за кинескиот пазар со што се покажува важноста што му ја придава јапонската компанија на овој дел од светот.

Засега нема многу информации околу овој концепт. Познато е само дека овој автомбил во производство влегува кон крајот на оваа година, а ќе го произведуваат Guangzhou Automobile Group (GAC) и Mitsubishi заедно.

Овој кросовер во кинеската понуда на јапонскиот производител, ќе се позиционира помеѓу Eclipse Cross и Outlander. И кај овој модел во предниот дел доминира т.н. Dynamic Shield дизајн на предниот дел.

Останатите технички податоци ќе бидат објавени во нардниот период, а со сигурност може да се каже дека овој модел нема да биде дел од европската и американската понуда на Mitsubishi.

 

Следете не и на:

24AUTO NETWORK