Од компанијата Porsche објавија дека според резултатите од продажбата на брендот за првиот квартал од 2021 година било достигнато ниво од 71.986 единици или за 36% повеќе во споредба со истиот период во 2020 година.
Најпродаваните модели на Porsche во светот во првиот квартал се СУВ автомобилите. Лидерската позиција е за Macan со 22.458 реализирани единици, а на минимална разлика зад него е Cayenne со 19.533 продажби.
Далеку поназад останува традиционално за легендарниот бренд, семејството 911 со 9.133 купени примероци, додека Boxster и Cayman допринесуваат со 6.190 единици, а Panamera со 5.600. Најновата пазарна понуда на Porsche – целосно електричниот Taycan, забележа 9.072 продажби во првоиот квартал од годината.
Најсериозната побарувачка на продуктите на Porsche продолжува да има во Кина, каде што во првата четвртина од годината биле купени 22.000 возила (21.991, +56%) од брендот. Од Porsche забележуваат исто така сериоен пораст во родажбите во првите три месеци и во САД (+45% до 17.368 единици). Резултатот за Европа – 19.389 продажби, е со 16% подобар во споредба со јануари-март минатата година, а тоа за Германија е со 14% до ниво од 5.957 единици.