Триумф на Red Bull во Италија: Ферстапен го „реши“ Хамилтон на првите свиоци (Видео)

ОБЈАВЕНО НА:

Макс Ферстапен победи на хаотичната трка за ГН на Емилија Ромања на патеката Имола во Италија каде имаше и прекин откако Луис Хамилтон се заби во ѕид, а во истиот круг инцидент со искршени болиди имаа и Валтери Ботас и Џорџ Расел.

На пиедесталот се искачија и Луис Хамилотн од Mercedes и Ландо Норис oд McLaren. За Ферстапен ова е 11 победа во кариерата, и сега е на само 1 бод заостанување во однос на Луис Хамилтон.

Уште на првите свиоци Ферстапен успеа малку да го истурка Хамилтон кој трката ја почна од пол позицијата. Потоа за Ферстапен беше доста олеснето како лидер, иако безбедносното возило излезе на половина од трката и трката беше прекината десетина минути додека се расчисти хаосот и искршените делови на патеката.

Возачот на Mercedes, Луис Хамилтон уште еднаш покажа зошто е шампион. Откако по една грешка излета во песокта и малку се заби во заштитната ограда успеа да се врати во трката и од 9. место на крај на се искачи на подиумот и да биде второпласиран.

Неизвесно е како ќе се одвиваше трката околу победникот ако не се случеше грешката на Хамилтон, и излетувањето на Ботас и Расел. Двајцата возачи поради кои имаше прекин на трката меѓусебе се обвинуваа з атоа кој е виновен, па си поделија и „средни прсти“ и “шлаканици“.

И откако трката продолжи Ферстапен немаше вистински конкурент, и грабеше напред зголемувајќи ја временската разлика во однос на другите. Хамилтон пак од 9. место полека напредуваше и ги престигнуваше еден по еден оние пред него донесувајќи вистински дуели на патеката.

Британецот е лидер во генерелан пласман благодарение на најбрзиот круг што го постигна на Имола, и дополнителниот бод. Тој има само еден бод предност во однос на Ферстапен.

РЕЗУЛТАТИ – ГН Емилија Ромања
1 Макс Ферстапен- Red Bull 1:17.526
2 Луис Хамилтон – Mercedes 22.000s
3 Ландо Норис – McLaren 23.702s
4 Чарлс Леклерк – Ferrari 25.579s
5 Карлос Саинц – Ferrari 27.036s
6 Даниел Рикиардо – McLaren 51.220s
7 Ленс Строл – Aston Martin 51.909s
8 Пјер Гасли – AlphaTauri 52.818s
9 Кими Раиконен – Alfa Romeo Racing 64.773s
10 Естебан Окон – Alpine 65.704s

 

Следете не и на:

24AUTO NETWORK