Fiat го најави обновениот Toro

ОБЈАВЕНО НА:

Fiat објави тизер фотографија од обновениот модел Toro кој ќе биде претставен на 22 април годинава.

Она што е за очекување се минимални измени на надворешноста кои вклучуваат изменет преден и заден браник, нови фелни, нови бои во понудата, но драстични измени доаѓаат во внатрешноста. Тоа го потврди фотографијата која се појави минатата недела, а на која се гледа како доминира централно поставен екран осетлив на допир.

Во однос на мотористиката, понудата на обновениот Toro ќе ја сочинуваат истите мотори како и актуелниот модел. Тоа значи дека купувачите и натаму ќе може да одбираат помеѓу 1,8 литарскиот, 2,0 литарскиот и 2,4 литарскиот бензински мотор. Овие мотори се достапни и во верзија со етанол.

Flagra: Fiat Toro 2022 com visual atualizado tem painel revelado

Овој модел и натаму ќе биде достапен за пазарот во Централна и Јужна Америка, а производството останува во Гоијана, Бразил.

Следете не и на:

24AUTO NETWORK