NIO побрзо од очекувањето до 100.000 примерок на ES8

ОБЈАВЕНО НА:

NIO е кинески производител основан во ноември 2016 година. За нешто повеќе од шест години успеа да се постави како значаен играч во дејноста на производство на електрични автомобили.

Доказ за тоа се продажните успеси на неговите четири модели, како во Кина и надвор од оваа земја. Последна потврда за тоа е јубилејниот 100 илјадити примерок на електричниот кросовер ES8.

Овој јубилејни примерок излезе од фабрика на JAC-NIO лоцирана во Хефеи, Кина, во текот на минатата недела, а при тоа беше организирана свечена церемонија.

2019 NIO ES8.jpg

Што се однесува до самиот модел, истиот во понудата е воведен во 2018 година. Должината изнесува 5,022 мм додека пак меѓуоскиното растојание 2,997 мм. Располага со сет литиумско-јонска батерии и доаѓа во три верзии со 70 kWh, 84 kWh и 100 kWh батерии. Почетната цена на пазарот во Кина изнесува 65 илјади американски долари.

Следете не и на:

24AUTO NETWORK