Познатиот германски ланец на супермаркети Лидл, веќе со години продава и автомобили. Сепак тоа не е единствениот ланец на маркети во Европа кој се занимава со продажба на автомобили.
Познатиот француски ланец E.Leclerc официјално ја објави соработката со Renault Group според која во маркетите ќе може да се изнајми електричниот Dacia Spring по цена од 5 евра дневно.
Свечената церемонија се случи во супермаркетот на E.Leclerc во Орлиј, а на церемонијата присуствуваше Лука де Мео како генерален директор на Renault Group и Мишел Леклерк, претседател на одборот на E.Leclerc. Двајцата го изразија своето задоволство, а де Мео најави дека понудата на ланецот на супермаркети ќе биде збогатена и со други автомобили.
Инаку во цената од 5 евра дневно вклучени се сите трошоци за одржување и регистрација, па од Renault Group се убедени дека користењето на автомобили на овој начин е далеку поевтино отколку поседувањето.
Повеќе за првиот целосно електричен автомобил на Dacia можете да прочитате ТУКА.